Випро е основан 1992 год. во Гевгелија со јасен мотив, со желба и визија, во производството на храна да се спои традиционалното со современото.
Се почна со производство на безалкохолни пијалоци, се продолжи со минерална вода, за потоа да се премине на производство на здрава храна и преработки од овошје и зеленчук.
Во начинот на производство се послуживме со старата македонска традиција применувајќи ја најновата современа технологија.
Нашата стратегија е да учествуваме на домашниот и меѓународниот пазар со здрава, вкусна, сигурна и квалитетна храна. Притоа, поврторно го ревитализираме вкусот на нашите баби и дедовци, односко дел од вкусовите од Југоисточна Европа, Медитеранот и Македонија, кои се пример за здрава храна.
Производството се остварува со користење на стари традиционални домашни рецепти и користење на суровини од нашето пошитоко подрачје. Многу од начините за квалитетна и успешна обработка на суровините сеуште се применуваат на традиционален начин, посебно Випро модернизирани и тоа:
Со што финалниот производ добива оригинален квалитет и вкус.
Можностите на фабриката - техничко технолошките се согласно стандардите што ја регулираат оваа материја како локално така и Меѓународно. Императив на фирмата е безбедна и квалитета храна затоа ГМП и ХАЦЦП принципите ни претставуваат управувачка алатка имплементирана од страна на одговорните лица кои ракуваат со храната.
нашиот Менаџерски тим постојано ги следи научните достигнувања во оваа област и истите перманентно ги остваруваат. Менаџментот за квалитет во производството на храна го опфаќа целиот синџир од фарма до трпеза (from farm to table). Секоја година наши високостручни кадри кадри присиствуваат на еминентни семинати главни низ Европа.
Потребните суровини главно ги снабдуваме од нашиот поширок регион.
Нашите кооперанти и земјоделци од падините "долините и подножјата на планините Кожуф (Македонско - Грчката граница) и Беласица (Македонско - Грчка - Бугарска граница) и Гевгелиско - Валандовска котлина.
Тоа обично се мали традиционално организирани земјоделски стопанства, специјализирани за производство на свеж зеленчук во ограничени количини. Притоа секогаш квалитетот, аромата и карактеристичниот вкус на производите се стандардни и традиционално специфични. За обработка во Випро се користат исклучиво зрели, сзреани во најприродни услови, здрави односно квалитетни плодови.
Притоа, се спазуваат сите потребни правила и стандарди за добивање квалитетни суровини (како домашни така и меѓународни).
Нашата фабрика се наоѓа 65km Северозападно од Егејското море (Солун, Грција).
Нашиот регион изобилува со сонце, планински води, пасишта, реки и природни езера.
Суровините доагаат од идеално еколошки зрдава средина (воопшто немаме индустрија што загадува).
Императив на нашата фирма е да ги услужиме нашите потрошувачи со соодветни, сигурни, квалитетни, здрави и вкусни производи.
Притоа, остануваме со нашето мото: "Випро производите се дар од боговите".
Сочните и ароматични Випро произвоти ке ве пренесат во магичните задоволства на сончевите предели.
Нека Випро ви ја покаже едноставноста на уживањето во природните состојки и плодови.